back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Што правеле неандерталците во Романија? Археолозите ги пронашле алатките што ги користеле

Други наслови

Меѓу повеќе од 10.000 фрагменти од животински коски пронајдени во пештера во централна Романија, археолозите идентификуваа 83 предмети што носат траги од човечка употреба, што укажува дека неандерталците ги користеле како алатки.

Истражувањето е спроведено на локалитетот Абри 122/1200 во клисурата Варгиш, каде што претходните ископувања открија повеќе од 1.000 камени артефакти, но речиси и да не се пронајдени коскени алатки.

Научниците од Универзитетот во Влашка во Трговиште детално ги анализирале фрагментите под микроскоп за да утврдат дали трагите на коските се резултат на човечка употреба или природни процеси, како што се дејството на животните, водата, растенијата или газењето, објавува порталот „Дејли галаксија“.

Од вкупниот број анализирани фрагменти, 83 покажаа траги што укажуваат на нивна употреба како алатки. Меѓу нив има предмети што се користеле за обработка на камени алатки, како и примероци што, според проценките на истражувачите, можеле да се користат за обработка на кожа или растителни материјали.

Исто така, беа идентификувани два предмета кои веројатно се користеле како чекани, додека некои фрагменти имале облик на клинови.

Локалитетот Абри 122/1200 бил населен во текот на неколку фази од палеолитот, почнувајќи пред околу 230.000 години, а таму се пронајдени и траги од левалоаска технологија, напредна палеолитска техника на обработка на камен што барала внимателно планирање и подготовка на јадрото.

Истражувачите известуваат дека повеќето коскени алатки не биле посебно обликувани, туку дека неандерталците ги користеле фрагментите во формата во која биле пронајдени, што би можело да објасни зошто ваквите предмети претходно не биле препознавани за време на археолошките истражувања.

Наодите од Романија ги прошируваат доказите за употреба на коскени алатки кај неандерталците, претходно забележани на локации во Франција, Шпанија и регионот Алтај во Сибир.

Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Journal of Quaternary Science“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести