Дали Мбапе ја заврши сезоната поради проблеми со коленото?
Францускиот ас Килијан Мбапе најверојатно нема да игра за Реал до крајот на сезоната, според шпанските медиуми.
На крајот од натпреварот со Бетис (1:1), Мбапе побара да биде заменет, а по натпреварот се појави информација дека повторно има проблеми со коленото, кое го мачи со месеци.
Според информациите што се појавија во јавноста, францускиот напаѓач не сака да ризикува да ја влоши повредата и потенцијално да го загрози својот настап на претстојното Светско првенство. Поради ова, наводно е донесена одлука дека тој нема да игра до крајот на сезоната за мадридскиот клуб.
Мбапе е оној кој не сака ништо да форсира бидејќи за него е многу важно да биде подготвен за Светското првенство.
🚨🚨 BREAKING: Kylian Mbappé seems like he won't PLAY AGAIN this season with Real Madrid due to INJURY. @jpedrerol pic.twitter.com/YvGROtG3GE
— Madrid Zone (@theMadridZone) April 26, 2026
Во моментов нема официјална потврда од клубот, но се очекува Реал Мадрид наскоро да излезе со попрецизни информации за здравствената состојба на нивната најголема ѕвезда.
