Бони Блу се породи на истото место како Кејт Мидлтон, но и принцезата Дајана, а во оваа прилика веднаш се огласи на социјалните мрежи.
Контроверзната ѕвезда на „OnlyFans“, Бони Блу , по бројни шпекулации дали е воопшто бремена , конечно се породи, но сè уште не го открила полот на бебето.
„Обожавам да бидам мајка, а знаењето каков живот можам да му дадам на моето дете го прави уште помагично“, изјави Бони Блу ексклузивно за „Метро“ откако се породи минатата недела со царски рез.
Иако не го откри точниот датум и време на породувањето, контроверзната сексуална работничка потврди дека го родила бебето во породилиштето „The Lindo Wing“ во болницата „St Mary“ – истото одделение каде што принцезата од Велс Кејт Мидлтон ги родила принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, и каде што се породила и принцезата Дајана , кога ги родила принцовите Вилијам и Хари.
Оваа вест беше еден вид изненадување, бидејќи Бони претходно изјави за „Метро“ дека треба да се породи „кон крајот на октомври или почетокот на ноември“.
Како што изјавила, со години се обидувала да забремени, а потоа тврдела дека забременила за време на „оплодувањето“ на 7 февруари, кога, според неа, имала незаштитен секс со околу 400 мажи . Наводно, Бони Блу имала врски со вкупно 1057 мажи.
Ова би значело дека бебето е родено околу два месеци пред терминот. Сепак, поранешната ѕвезда на OnlyFans ги увери своите следбеници на TikTok дека бебето е во добра здравствена состојба и наскоро треба да ја напушти болницата.
„Бебето е тука. Бебето е добро. Го родив бебето, добро сум, имав царски рез , бебето е супер, супер здраво и да, седам на тоалетот. Ќе си одам дома подоцна. Ме болеше, но не толку колку што очекував. Сепак, кога ми се гадеше и повратив утрово, навистина се чувствував како само да сум повлекла конци со прстите и да сум отворила рана. Немој премногу да размислуваш за тоа. Бебето е добро. Додека е нахрането, чисто и подригнува, сè е во ред. Освен тоа, таа само спие и тоа е неверојатно. Ако јас можам да го направам ова, секој може“, рече таа во видеото на TikTok.

