back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Јапонските навивачи собираа ѓубре и го чистеа стадионот по завршувањето на натпреварот од Светското првенство, видеата ги освоија мрежите

Други наслови

Додека сите ги напуштаа трибините по напнатиот нерешен резултат против Холандија, навивачите на Јапонија останаа да го соберат ѓубрето, а снимките од нивната кампања за чистење ги освоија социјалните мрежи.

Репрезентациите на Јапонија и Холандија одиграа возбудлив натпревар во рамките на Светското првенство во Далас, кој заврши со поделба на бодовите (2:2), но главната приказна на денот се одвиваше на трибините по последниот свиреж на судијата.

Снимките од навивачи како шетаат меѓу седиштата со големи кеси и собираат шишиња и обвивки од храна брзо го преплавија интернетот.

Во видео споделено од ФИФА на официјалниот профил на X мрежата, навивач од Јапонија објасни зошто го прават тоа и рече: „Тоа е нашата култура, но во исто време е знак на почит кон сè. Почит кон играчите, навивачите, но и кон стадионот. Ни е чест што сме тука и не сакаме да оставиме хаос зад себе.“

Ваквите сцени не се ништо ново кога станува збор за јапонските навивачи, бидејќи тие и претходно споделиле слични лекции за однесување.

Оваа практика е длабоко вкоренета во јапонската филозофија и изразот „вратете го местото во состојбата во која сте го нашле“.

„Јапонските спортски навивачи на светските настани кои го чистат стадионот се однесуваат на ист начин како што научиле да уживаат во спортот како ученици“, објасни Коичи Накано, професор по политика и историја на престижниот универзитет „Софија“ во Токио, за „Асошиејтед прес“.

Во Јапонија, оваа навика не се смета за исклучителен чин, туку за основна општествена одговорност на која децата систематски се учат уште од основно училиште, кога од нив се бара да ги одржуваат своите училници и училишни дворови чисти.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести