Дева Касел, ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, позираше за новиот број на француското издание на списанието „Венити фер“ со актерот Жилиен де Сен Жан. Тие добија улоги во филмот „Le Fantome de l’Opera“ чија премиера ќе биде овој септември.
Таа позираше во долна облека и фустан од чипка, меѓу другото. Комбинациите ги дизајнираше стилистката Тања Рат-Патрон. Шминката ја направи Јоланта Седро, а фризурата Џон Нолет.
„Таа е апсолутно прекрасна и многу ме потсетува на нејзината мајка“, „Ќе ја освои актерската сцена“, „Прекрасна дама“, „Едвај чекам за овој филм“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Филмот „Le Fantome de L’Opera“ е режиран од Александар Кастањети, кој, меѓу другото, изјавил дека Дева го маѓепсала на почетокот. Зборувајќи за улогата на Анастасија Мареску, таа изјавила:
„Ова е мојата прва улога во Франција. Тоа е проект кој е многу поголем од мене, како сите што ќе следат. Значи, очигледно сакав да направам добра работа.“
Новинарката Норине Раџа спомена дека Моника Белучи позирала гола за насловната страница на „Венити фер“ во 2004 година и дека во тоа време била бремена со Дева.
„О да, точно“, рече Дева со насмевка. Кога ја прашале што најмногу се сеќава од детството, таа одговорила:
„Авиони. Поминав многу време во нив, со моите родители, сестри, пријатели. Во нив доживеав цела низа емоции: радоста од пристигнувањето, тагата од напуштањето на некое место или личност…“.
