back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

„Ќе има нуклеарен холокауст…“ Трамп му издаде нов ултиматум на Иран: Имате уште два до три дена, во спротивно ќе следи ова

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да му даде на Иран уште два до три дена, можеби најмногу до почетокот на следната недела, пред да „преземе дополнителни воени дејствија“.

– Подготвен сум да им дадам уште два до три дена, најдоцна до почетокот на следната недела. Времето е ограничено. Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје – им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа и продолжи:

– Ако тие (Иран) имаа нуклеарно оружје, ќе почнеа со Израел, ќе го дигнеа во воздух. И брзо ќе го дигнеа во воздух. И ќе ви кажам, ќе одеа во Саудиска Арабија, ќе одеа во Кувајт, ќе одеа во ОАЕ, ќе одеа во Катар, ќе напаѓаа… Мислам дека ќе одеа на целиот Блиски Исток и потоа ќе имаше сосема различни преговори – нагласи тој во изјава за новинарите.

Како што изјави американскиот претседател, нема сомнение дали Иран би употребил ново оружје и дека во тој случај би се случил „нуклеарен холокауст“.  

– Работев со овие луѓе, тие се екстремно радикализирани. Тие не се како… ако соработував со вас – заклучи Трамп, покажувајќи кон новинарот со кој разговараше.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести