Џенифер Лопез (56) се појави синоќа во Лос Анџелес на настанот „The Roast of Kevin Hart“, каде што привлече внимание со своето впечатливо модно издание.
Пејачката и актерка блесна на црвениот тепих во тесен фустан од брендот „Мајкл Костело“, познат по моделите што ја истакнуваат женската фигура.
Креацијата изработена од еластичен материјал ја следеше линијата на телото, додека детаљот во пределот на половината со ефективни набори дополнително ја нагласуваше силуетата.


Џеј Ло го избра изданието без градник, па фустанот особено го истакна деколтето.
Комбинацијата ја надополни со чанта од Шанел, сандали со отворени прсти од брендот „Femme LA“, како и модерни авијатичарски очила.
Посебно внимание привлече широка златна нараквица, накит кој моментално е меѓу водечките трендови .
Џенифер Лопез е позната по тоа што често се одлучува за гламурозни, тесни фустани за јавни појавувања, а овој стил уште еднаш покажа зошто се смета за една од најдобро облечените ѕвезди на сцената.
