back to top
9.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

17 години затвор за турскиот државјанин кој го уби својот сонародник во Штип

Други наслови

Судската седница заврши со изведување на докази и давање искази од сведоци од страна на четворица турски државјани, кои се обвинети дека му помогнале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој го уби својот сонародник во кафуле во центарот на Штип, минатиот мај.

Портпаролот на Основниот суд, Штип, и воедно судија, Сашко Георгиев, за Новинската агенција изјави дека денес имало исказ од сведоци за четвртиот обвинет, додека за 18 февруари во 12:30 часот во Основниот суд Штип се закажани завршните зборови на одбраната и обвинителството.

Инаку, Кадир Кара претходно се изјасни за виновен за убиството на сограѓанин во кафуле на градскиот плоштад „Лирија“ во Штип, за што судот го осуди на 17 години затвор и депортација од земјата, откако ја издржа казната во македонски затвор.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести