Пејачката Емина Јаховиќ е позната по својот негуван изглед и витка фигура, која ја одржува со години благодарение на дисциплината во исхраната и редовните тренинзи.
Сега таа покажа што обично јаде за појадок, а нејзиниот оброк привлече големо внимание од јавноста.
На чинијата имаше едноставни состојки – јајца, маслинки, домати и краставица, а целиот оброк чинеше околу 200 дeнари.

Покрај балансираната исхрана, Емина веќе долго време практикува автофагија, диета која вклучува периоди на постење. Пејачката претходно откри дека повремено применува построг режим, во кој не јаде ниту 48 часа.
Таа самата зборуваше за тоа на социјалните мрежи, каде што сподели моменти за време на постот и ги одбројуваше часовите до следниот оброк.
– Точно 20 часа без храна. Ајде да одиме – напиша Емина претходно со навестување дека планира да го прави тоа уште 28 часа.
Како што објасни таа, долго време го користи овој начин на исхрана, со дисциплиниран пристап.
Освен исхраната, важен дел од нејзиниот изглед е физичката активност. Емина тренира секој ден, а во својот дом во Истанбул има приватна теретана која редовно ја користи.
