back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

30 дена притвор за Стефан Богоев и уште тројца

Други наслови

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за изрекување мерка против четири лица за кои постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Прифаќање на надомест за незаконито влијание и Одобрување на надомест за незаконито влијание, кои попладнево беа изведени пред судот, по нивната изјава во присуство на нивниот адвокат, донесе одлука со која:

Предлогот за изрекување мерка притвор на С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. е прифатен, а на сите четворица им е одреден притвор од 30 дена.

Мерката е изречена поради постоење на основите од член 165 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка, додека странките имаат право на жалба против овие одлуки пред Кривичниот совет.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести