back to top
11.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

63 години по катастрофалниот земјотрес, Градот Скопјe организираше бесплатна панорамска автобуска тура за граѓаните

Други наслови

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Градот Скопјe организираше бесплатна панорамска прошетка за граѓаните.

Учесниците, преку панорамски автобус и водени од туристички водич, имаа можност да се запознаат со историјата на градот пред земјотресот, уништените згради и местата од значење за наследството на Скопско, најави градоначалникот на Скопско, Орце Ѓорѓиевски.

„Со панорамски автобус и професионално водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопско пред земјотресот, да слушнат приказни за зградите што биле уништени, како и за местата што го обликувале карактеристичниот изглед и живот на градот. Скопско е град што ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темели врз кои ја гради својата иднина. Затоа, наша должност е да го зачуваме сеќавањето на минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесеме приказната за Скопско на идните генерации“, напиша Ѓорѓиевски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести