back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

99 милиони казни за друштвените мрежи за деца во случај на кршењена забраната: Драконски правила во Австралија

Други наслови

Австралиската влада денес објави дека ќе ја удвои максималната казна за платформите што ги прекршуваат законите за минимална возраст за користење на социјалните медиуми на 99 милиони долари (околу 86,9 милиони евра).

Амандманот исто така значи дека Комесарот за е-безбедност ќе може да ги принуди компаниите за социјални медиуми да обезбедат докази за чекорите што ги презеле за да се усогласат со забраната, објави Би-Би-Си.

Во Австралија, на деца под 16 години им е забранет пристап до десет клучни платформи на социјалните медиуми од 10 декември минатата година.

Властите во земјата започнаа истраги за наводно непочитување од страна на пет платформи забранети за деца под 16 години – Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок и Јутјуб.

Во својот извештај, Комисијата за е-безбедност, која е независен регулатор во земјата, изјави дека седум од десет деца под 16 години кои имале сметка на социјалните мрежи пред забраната, сè уште имале „одреден пристап“ до тие мрежи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести