back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Анџелина Џоли позира во елегантна облека во Торонто: Витката нога во преден план

Други наслови

Анџелина Џоли пристигна на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто, каде што присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „Кутур“. Нејзиниот моден избор во таа пригода привлече големо внимание од медиумите и присутните.

Иако годинава го пропушти Венеција, Џоли дефинитивно ја донесе својата препознатлива доза на гламур на TIFF. Таа се појави на црвениот тепих во долг кафеав капут со шлиц, потпишан од дизајнерката Габриела Херст, кој ги истакнуваше нејзините долги и витки нозе.

Анџелина Џоли (Фото: Ројтерс)

Стајлингот го надополни со елегантни црни потпетици, дискретна шминка и лабава коса.

Џоли ја покажа ногата на црвениот тепих преку длабок шлиц на палтото, што потсетуваше на сличен моден избор што го направи на Оскарите пред 13 години, кога носеше црн фустан без ракави со висок шлиц. Изгледот привлече големо внимание од јавноста и медиумите во тоа време.

Инаку, филмот „Кутјур“ би можел да ја врати Џоли во трката за филмски награди, по минатогодишниот „Марија“. Во режија на Алис Винокур, заплетот ја следи Максин, американска режисерка и фотографка, која откако ѝ е дијагностициран рак на дојка и се соочува со развод, се впушта во нов проект, снимајќи видео за моден настан во Париз.

Приказната е особено емотивна за Џоли, со оглед на тоа што ја загуби својата мајка Маршелин Бертран од рак на дојка во 2007 година, а во 2013 година беше подложена на превентивна двојна мастектомија.

Според „Варајети“, филмот се одвива во хаотичната атмосфера на Неделата на модата и ги следи три жени кои се среќаваат во Париз додека се соочуваат со пресвртниците во животот и личните трагедии, американската режисерка Максин, моделот од Јужен Судан Ада и француската шминкерка Анџела, која работи зад сцената на модните писти.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести