back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Судот изрече мерки на претпазливост за возачот кој смртно прегази велосипедист во Скопје

Други наслови

Основниот кривичен суд во Скопје објавува дека го прифатил предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот со тешката сообраќајна несреќа на булеварот Гоце Делчев, кога, управувајќи со „Фолксваген Пасат“, удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој возел велосипед по пешачкиот премин.

Мерките на претпазливост против осомничениот, кој е обвинет за тешки кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, се одземање на неговиот и српскиот пасош, одземање на возачката дозвола, забрана за напуштање на станот и обврска периодично да се јавува кај надлежен државен орган.

Како што информира Јавното обвинителство, на 3 ноември, додека управувал со „Фолксваген Пасат“ на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопјe, не ги почитувал прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Возел со несоодветна брзина што не му дозволувала навреме да застане во случај на потреба или пречка.

„Пристигнувајќи на пешачкиот премин на раскрсницата со улицата „Лазар Личеноски“, 37-годишниот осомничен удрил со предниот дел од своето возило во велосипед управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Жртвата се здобила со тешки телесни повреди и починала од ударот“, соопшти Јавното обвинителство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести