Јупитер, една од најсреќните планети во универзумот, ќе оди ретроградно во Рак на 15 ноември и ќе има силно влијание врз Раковите, Овните, Јарците и Вагите.
Ретроградниот Јупитер во Рак носи период на преиспитување на емоциите, семејните односи и безбедноста. Ова е време кога се враќаме на старите спомени, корени и чувства што некогаш беа потиснати.
Копнеж по минатото
Јупитер во Рак обично има тенденција да заштитува, да создава дом и емоционална стабилност, но кога е ретрограден, го насочува вниманието кон она што сме го потиснале во себе, потребата за блискост, нежност и чувство на припадност.
Многумина во овој период може да чувствуваат носталгија, копнеж по минатото, желба за поправка на семејните односи или за пронаоѓање на внатрешен мир. Интуицијата станува исклучително силна, а соништата можат да донесат важни пораки од потсвеста.
Ретроградниот Јупитер во овој знак нè потсетува дека вистинското богатство не е во материјалното, туку во емоционалното исполнување и чувството на топлина и сигурност што го носиме во себе.
Преиспитување
Овој период често носи потреба од преиспитување на вербата во себе и во животот, особено низ призмата на емоциите и ранливоста. Луѓето можат да препознаат каде дале премногу од себе и каде ги занемариле сопствените потреби. Нè учи дека растот не е секогаш видлив, туку често тивок, длабок и внатрешен, оној што се случува кога простуваме, се откажуваме или го прифаќаме тоа што сме.
Јупитер ќе биде ретрограден во Рак до 11 март 2026 година.
