back to top
12.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Меланија го фрли Трамп во втор план на ждрепката за Светското првенство: Сите гледаа во првата дама (ФОТО)

Други наслови

Најмасовното Светско првенство во историјата ќе трае од 11 јуни до 19 јули, во кое за прв пат ќе има дури 12 групи, од кои двете најдобри репрезентации од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, заедно со осумте најдобри третопласирани екипи.

Доналд Трамп и Меланија Трамп на ждрепката за Светското првенство

Меѓу гостите на ждрепката во Вашингтон беше и американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија Трамп , која целосно го засени својот сопруг.

Меланија блескаше во елегантен црн ансамбл, додека Трамп носеше сино одело, со крпеница на раката што привлекуваше внимание.

Доналд Трамп и Меланија Трамп на ждрепката за Светското првенство

Неочекувано, Трамп беше прогласен за прв добитник на новата Награда за мир на ФИФА. Тој на сцената рече: „Ова е голема чест. Спасивме милиони и милиони животи… Благодарност до моето семејство, до мојата прекрасна прва дама Меланија.“

ФИФА соопшти дека наградата се доделува за извонредни акции за мир, иако не објави јасни критериуми или номинации. Според претседателот на организацијата, Џани Инфантино, наградата е доделена во име на навивачите од целиот свет.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести