back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Мицкоски-Спиропали: Мора да се промовираат заедничките напори кон европска интеграција

Други наслови

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја прими министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали, со која разговараше за билатералните односи и евроинтеграциските процеси.

„Денес се сретнав со Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, во Владата.
На средбата разговаравме за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, регионалната соработка и заедничките напори кон европска интеграција.

Посебен акцент беше ставен на важноста на добрососедските односи, стабилноста и развојот на регионот.

Средбата се одржа во конструктивен и пријателски дух, со заемна подготвеност за продлабочување на соработката во иднина“, пишува Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести