back to top
10.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Парите на пари одат: Роналдо инвестираше 34,5 милиони евра во луксузна вила, следува свадбата со Џо, па продажбата? (ФОТО)

Други наслови

Изградбата на луксузна вила во Кашкаиш, Португалија, по повеќе од три години, е при крај, но се чини дека таа нема долго да биде во рацете на сопственикот Кристијано Роналдо.

Во септември 2022 година, фудбалската ѕвезда купи голема парцела земја во областа Кинта да Мариња со цел да создаде оаза за своите пензионерски денови и живот со семејството. Инвестирани се 34,5 милиони евра, но веќе не станува збор за пари, туку за приватност.

Роналдо наводно е на работ да се откаже од планираниот луксуз – осум спални соби, отворен базен со прекрасен поглед, подземна гаража, приватно кино… – поради неуспешен обид да обезбеди дополнителна интимност со купување на околното земјиште и дел од голф теренот во сопственост на хотелот „Оитавос“.

Луксузната вила сигурно нема да остане целосно неискористена. Постојат навестувања дека Роналдо би можел да организира свадба со свршеницата 
Џорџина Родригез во неа , пред да донесе конечна одлука за нејзината судбина, а можеби се работи за маркетиншки потег. Нема сомнение дека имотот ќе чини многу, многу повеќе ако се знае дека Роналдо престојувал таму и каде што се оженил со Џо.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести