Алваро Арбелоа ја презеде клупата на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо, но се чини дека ќе биде таму до летото кога треба да биде назначен тренер со поголемо искуство во сениорскиот фудбал.
Еден од главните кандидати е малку изненадување, ако работата се оствари.
Имено, според „Спорт“, станува збор за Енцо Мареска, италијански стручњак кој моментално е невработен.
Мареска беше тренер на Парма, Лестер и Челзи, а работеше и како помошник тренер во Манчестер Сити.
Инаку, Шпанците пишуваат дека Перез сакал да го доведе Јирген Клоп, но познатиот германски тренер категорично ја одбил понудата.
„Интересот на Реал Мадрид? Тоа нема никаква врска со мене и не предизвика никаков интерес кај мене. Заминувањето на Чаби Алонсо е знак дека сè не е 100 проценти како што треба. Шпанецот е исклучителен тренер, но како наследник на легендарниот Анчелоти, кој имаше многу специфичен начин на водење на своите тимови, не му беше лесно. Многу ми е жал за него бидејќи мислам дека е одличен тренер“, рече Клоп во изјава за Кикер и ги растажи навивачите на Реал.
