back to top
9.8 C
Skopje
сабота, 31 октомври , 2026

РУСКИ ПОЛИТИЧАР ПРОНАЈДЕН МРТВ ВО МОСКВА! Телото кое лежело во ходникот на вилата, починало под сомнителни околности? (ФОТО)

Други наслови

Поранешниот заменик-министер за труд на Руската Федерација беше пронајден мртов во својата вила во Москва.

Алексеј Скљар (49), поранешен заменик-министер за труд на Руската Федерација, беше пронајден мртов во својата вила во Москва.

Според извештаите, вратата од куќата наводно била отворена, а неговото тело било пронајдено во ходникот. Наводно, во близина на телото било пронајдено оружје.

Полицијата истражува како се случила смртта на рускиот политичар, кој беше разрешен од премиерот Мишустин во 2022 година.

Шкљар ја извршуваше функцијата заменик-министер за труд и социјална заштита од 2018 година.

Откако ја напушти државната администрација, тој отвори своја компанија, на чие чело ја постави својата сопруга, која е 17 години помлада од него, со која се ожени пред три години, кратко откако се разведе од првата сопруга.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести