back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Хамнеи повторно против Трамп: Ако САД започнат војна…

Други наслови

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, предупреди дека евентуалната војна со САД би можела да се претвори во регионален конфликт.

„Американците треба да знаат дека ако овој пат започнат војна, тоа ќе биде регионална војна“, рече Хамнеи за време на говорот во Техеран по повод годишнината од враќањето на имамот Хомеини во Иран и почетокот на десетдневниот празник Фаџр, според иранската новинска агенција Тасним.

Во обраќањето не се прецизира дали Хамнеи конкретно се фокусирал на некој тековен инцидент, но неговата изјава дојде во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД, како и во контекст на регионалните безбедносни предизвици, соопшти агенцијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести