За време на велигденските пости, секоја домаќинка понекогаш останува без идеи за тоа што би можела да подготви за своето домаќинство или гостите. Рецептот за посна чоколадна торта е идеален за сечиј вкус, а се прави на лице место.
Состојки:
- 1,5 чаши шеќер
- 1,5 чаши кисела вода
- 2 мали чаши масло
- 2 чаши брашно
- 1/2 кесичка цимет
- 1 лажичка сода бикарбона
- 3 лажици џем
- 2 мали чаши масло
Состојки за филот:
- 100/150 г чоколадо со ниска масленост
- 1 лажица масло
- малку џем или мармалад
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и
печете во набрашнета тава околу 30 до 40 минути. Премачкајте го топлиот колач со џем и прелијте го со стопеното чоколадо во кое сте додале масло. Можете да го декорирате колачот со јаткасти плодови, овошје и шлаг направен со вода. Ако ставите млеко наместо кисела вода, ќе добиете подебела верзија на колачот.
