back to top
7.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Откако ослабе 15 килограми, Серена Вилијамс облече мала розова тоалета, а фановите се воодушевени од трансформацијата (фото)

Други наслови

Легендарната тенисерка Серена Вилијамс објави фотографија на која позира на балкон со поглед на море, облечена во розов свилен фустан.

Фотографијата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои во коментарите напишаа дека личи на Барби.

Елегантно издание со поглед на морето

Во фустан со тенки прерамки, кој ја истакнуваше нејзината затегната фигура, Серена позираше наспроти морската панорама.

Серена Вилијамс во розов фустан на балкон со поглед на морето.PNG

Таа ја остави брановидната руса коса слободно да паѓа, додека изгледот го комплетираше со шминка во розова нијанса – кармин, сенка за очи и руменило што се истакнуваа на нејзиниот тен.

Таа покрај фотографијата напиша:

„Мајка, основач, претприемач, готвачка за своите деца, сопруга и многу повеќе…“

Објавата набрзо доби голем број коментари.

„Апсолутно прекрасна“, „Прекрасна“, „Барби“, „Толку убава жена“, „Колку добро изгледаш со таа фризура“, „Ти си икона во сите области“, се само дел од комплиментите што ѝ ги упатија обожавателите.

Отворено за губење на тежината

Серена Вилијамс

Во последно време, Серена Вилијамс сè повеќе привлекува внимание со својата физичка трансформација.

Претходно, таа откри дека ослабела околу 15 килограми со помош на лек за слабеење , за што отворено зборуваше во интервју за списанието „People“.

„Никогаш не можев да ја достигнам потребната тежина , без разлика што правев и колку тренирав. Беше лудо бидејќи никогаш во животот не сум била во ситуација каде што би можела да работам толку напорно, да се хранам толку здраво, а никогаш да не можам да ја постигнам целта“, рекла таа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести