back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

ТРАМП ГО ИСМЕВАШЕ МАКРОН „Неговата сопруга се однесува многу лошо со него, едвај се опорави од ударот што го доби во вилицата“

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, за кого рече дека бил злоставуван од неговата сопруга, одбил да испрати француски бродови да им помогнат на САД да го отворат Ормутскиот теснец во Персискиот Залив.

Во своето обраќање до американската нација од Белата куќа, Трамп повторно го нападна Макрон, а го спомена и ударот што Брижит Макрон му го зададе на францускиот претседател кога тој слезе од авионот на церемонијален пречек , во мај минатата година за време на турнејата низ Југоисточна Азија, јавува француската телевизија BFM.

– Неговата сопруга се однесува многу лошо со него, едвај се опорави од десниот удар што го доби во вилицата – рече Трамп.

Американскиот претседател изјави дека за време на телефонскиот разговор со Макрон, побарал од Франција помош за освојување на Ормутскиот теснец, каде што Иран го блокирал морскиот сообраќај.

– Емануел, би сакале да имаме помош во Заливот, дури и ако ги срушиме сите рекорди, ги елиминираме лошите момци и ги уништиме балистичките ракети… Дали би можеле веднаш да испратите воени бродови – рече Трамп, зборувајќи за текот на разговорот со Макрон.

Според него, Макрон одбил , велејќи му дека Франција може да испрати бродови „кога ќе се добие војната“.

Емануел Макрон

Трамп рече дека не го прифатил добро ова одбивање и дека одговорил „не, не, не ми требаат кога ќе заврши војната, Емануел“.

Вчера, Макрон повтори дека Франција „не била консултирана“ за започнување војна од страна на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран и дека „не учествува“ во неа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести