back to top
6.8 C
Skopje
понеделник, 19 октомври , 2026

За првпат по 20 години, Македонија ќе организира стручни испити за капетани и членови на екипажот на бродови

Други наслови

По повеќе од две децении, Македонија направи важен чекор кон професионализација на внатрешната пловидба. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес во Охрид објави дека за првпат во земјата ќе бидат овозможени стручни испити за капетани на бродови и екипажи на бродови.

„Кога бев назначен за министер за транспорт, веднаш се соочивме со проблемот што испитите досега се полагаа исклучиво во странство. Ова создаде дополнителен товар за професионалците и влијаеше на безбедноста на поморскиот транспорт. Денес можеме да кажеме дека првиот домашен испит е успешно завршен – издадени се сертификати за еден капетан на брод со овластување за меѓународен воден пат, осум капетани на брод за државен воден пат, еден офицер на палуба, шест морнари, а особено сум среќен што за прв пат имаме жена капетан на брод. Ова е јасна порака дека оваа професија е достапна за сите“, нагласи Николоски.

Министерот нагласи дека е купен нов брод за потребите на Капетанијата, а пристаништата во Свети Наум и во Охрид се реконструирани и ставени во подобра функција. Тој најави и нови инфраструктурни проекти, меѓу кои и заеднички проект со Општина Охрид за целосно реновирање на градскиот кеј.

„Десет години никој не го презел овој проект, а последната интервенција во кејот датира од 1990-тите. Сега, заедно со општината, дизајнираме нов изглед на кејот, со пристаништето пред хотелот Палас за помали бродови и старото градско пристаниште за поголеми бродови. На последниот состанок во Париз со УНЕСКО, добивме целосна поддршка за проектот – сите стандарди ќе бидат исполнети, додека кејот ќе има модерен и функционален изглед“, додаде Николоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести