back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Моминска забава излезе од контрола: Свадбата е откажана откако се појавија несоодветни снимки

Други наслови

Мексиканката Ема Алисија Паз Ајала требаше да отплови во пристаништето на бракот со својот избраник, а само нејзината моминска забава ја делеше од тој важен чекор во нејзиниот живот.

Сепак, како што се покажа подоцна, забавите во одморалиштето „Плаја дел Кармен“ излегоа од контрола и на крајот свадбата беше откажана.

Ема од градот Ермосиљ се забавувала со своите пријатели и во еден момент, кога алкохолот си го земал данокот, таа танцувала со непознат млад човек, а потоа почнала страсно да го бакнува. Тој ја држел околу половината и ја потпрел на грб додека толпата околу нив навивала.

За да биде уште полошо, нејзината авантура беше снимена со камера, а видеото заврши на социјалните мрежи под хаштагот „#LadyCoralina“ и го видоа нејзиниот вереник и неговото семејство.

Свадбата беше откажана, а корисниците на Фејсбук ја нападнаа, велејќи дека го добила она што го заслужува.

Сепак, се појави и информација дека Мексиканката била таа што ја откажала церемонијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести