Синот на американскиот претседател Доналд Џеј Трамп, Доналд Трамп помладиот, денеска пристигна во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина.
Тој тргна од Мајами наутро и во 12:55 часот слета на аеродромот во Маховљане, во близина на Бања Лука, каде што беше пречекан од организацискиот секретар на СНСД, Игор Додик.
Поради неговото доаѓање, во градот е воведен строг безбедносен режим. Бројни полициски сили се присутни на секој агол, од влезовите на градот до центарот, додека снајперисти се поставени и на покривите на зградите.
Околу Банског Двор е создадена и таканаречена „стерилна зона“, каде што никој нема да може да се приближи на растојание од повеќе од 200 метри, пишува klix.ba.
Таму, во 14:30 часот, ќе се одржи панел-дискусија на која се очекува учество на многу бизнисмени.
Се очекува Трамп помладиот да одржи неколку средби со претставници на Република Српска, а планирана е и посета на имотот на Милорад Додик во Бакинце.
Синот на Милорад Додик, Игор, изјави дека станува збор за пријателска посета, реализирана на негова покана.
