Шарлот со јагоди е лесна и освежителна торта без печење, совршена за пролетните денови. Комбинацијата од кремаст фил, пандишпан и свежи јагоди ѝ дава посебен, елегантен изглед и вкус.
Идеално е за гости бидејќи изгледа импресивно и е многу лесно за правење. Ако сакате јагодите да блеснат, можете да ги премачкате со желатин или глазура за торта.
Состојки:
- 300 грама бисквити
- 200 милилитри млеко (за потопување)
- 500 милилитри слатка павлака (за матење)
- 250 грама маскарпоне сирење
- 100 грама шеќер во прав
- еден ванилин шеќер
- една кесичка желатин
- пет лажици ладна вода
- 400 грама свежи јагоди
Подготовка:
Обложете калап за торта со дијаметар од 24 см со хартија за печење. Накратко потопете ги бисквитите во млеко и наредете ги по рабовите (исправено) и на дното.
Измешајте го желатинот со пет лажици ладна вода и оставете го пет до 10 минути да набабри. Потоа загревајте го лесно додека не се раствори.
Потоа, матете ја павлаката додека не добиете цврста смеса. Одделно измешајте го маскарпонето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Соединете го со павлаката, мешајќи нежно. Додадете го растворениот желатин и брзо измешајте.
Ставете слој фил врз бисквитите и додадете малку од исечените јагоди. Покријте со преостанатиот фил и израмнете. Ставете во фрижидер најмалку четири часа (идеално преку ноќ). Одозгора наредете ги свежите јагоди.
