back to top
11.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Полицијата трага по лицето кое држеше волк, може да се соочи со казна до 20.000 евра

Други наслови

Полицијата ја следи локацијата и лицето кое го држело волкот, кој беше пронајден вчера во Козле, Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Полициската станица во Скопје презема мерки за утврдување на локацијата и идентитетот на лицето кое го држело животното во заробеништво.

Според прописите, чувањето диви животни без соодветна дозвола може да резултира со сериозни казни, кои во одредени случаи достигнуваат и до 20.000 евра.

Законот за заштита на природата јасно наведува дека е забрането чување и размножување на диви животински видови во несоодветни услови и без соодветни одобренија.

Од скопската зоолошка градина информираа дека станува збор за млад волк, кој е неухранет и тежи само 25 килограми.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести