back to top
11.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Зошто мачките имаат „засечени“ уши: Дали знаете што е Хенриев џеб?

Други наслови

Мачките имаат мал набор на надворешниот дел од ушите познат како Хенриева торбичка или дермален маргинален џеб. Иако често се поврзува со слухот, научниците сè уште немаат потврден одговор за тоа која е неговата точна намена.

Не само мачките го имаат овој набор, туку и некои други видови, вклучувајќи кучиња и лилјаци. Потеклото на името „Џеб на Хенри“ останува нејасно. Најраното познато споменување на терминот се појавило во архивите од 1971 година, а предавачот за здравје на животните на Универзитетот Хартпури, Божена Залеска, за Kinship изјавила :

„Се претпоставува дека името доаѓа од Џозеф Хенри, кој ги проучувал електромагнетизмот и звучните бранови, па затоа би можело да биде добар начин да му се оддаде почит.“

Таа додаде дека сите теории за потеклото на името во моментов се чисто шпекулативни. Не е разјаснето за што служи овој преклоп. Една од водечките претпоставки е дека дополнителната кожа овозможува подобра подвижност на увото.

Мачките имаат 32 мускули во ушите и можат да ги ротираат независно еден од друг, што им помага да го одредат изворот на звук и да комуницираат со други мачки и луѓе.

Одредени теории наведуваат дека џебот на Хенри помага во „засилување“ на звукот и откривање на високи и ниски фреквенции. Мачките имаат еден од најшироките опсези на слух меѓу цицачите и можат да слушаат звучни бранови од 48 Hz до 85 kHz. Исто така, постои можност дека станува збор за преостаната анатомска карактеристика без важна функција кај современите видови, но за ова нема цврсти докази.

Она што е познато е дека болвите и ушните грини можат да се кријат во овие набори, па затоа на сопствениците на домашни миленици им се препорачува да го проверат и тој дел од увото.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести