back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Тешка сообраќајка со четири жртви на скопскиот кружен тек – автомобил „БМВ“ изгоре по судир со камион со косовски регистарски таблички

Други наслови

Сообраќајна несреќа од трагични размери со сериозни последици се случи на потегот помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци каде што четири лица го загубија животот по силен судир помеѓу БМВ и камион со косовски регистарски таблички.

Според досегашните информации, судирот бил исклучително силен, при што возилото „БМВ“ веднаш се запалило.

Четирите лица во автомобилот не можеле да избегаат, додека автомобилот бил речиси целосно изгорен.

Возачот на камионот преживеал, додека според првичните информации се сомнева дека ја изгубил свеста од замор, преминувајќи во спротивната лента и предизвикувајќи го фаталниот судир. Од силниот удар, автомобилот БМВ веднаш бил зафатен од пламен, додека четирите лица во него не успеале да избегаат.

Возачот Б.Б. (76) од Косово управувајќи камион „ман“ со полуприколка со косовски таблички, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната метална ограда и преминал во спротивната лента на автопатот. Таму директно се судрил со автомобил „бе-ем-ве“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Р.В. од Скопје.

Од ударот избил пожар во двете возила, а автомобилот и кабината на камионот целосно изгореле.

Бројни полициски сили продолжуваат да го блокираат подрачјето каде што се случи трагичната несреќа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести