back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Крај на бајката во Манчестер Сити: Пеп Гвардиола го официјализираше своето заминување од клубот

Други наслови

Познатиот шпански стручњак Пеп Гвардиола официјално го потврди своето заминување од Манчестер Сити, напуштајќи го „Етихад“ по 10 фантастични години.

И клубот и самиот тренер ја потврдија разделбата на крајот од тековната сезона откако Гвардиола освои дури 20 трофеи на клупата на Манчестер Сити и ги предводеше до титулата европски и светски шампион.

Неговиот последен натпревар на клупата на Манчестер Сити ќе биде овој викенд против Астон Вила.

Каталонецот, кој се приклучи на Сити во јули 2016 година, имаше трансформативно влијание во текот на неговите 10 години на чело на клубот, а си заминува откако освои 20 големи трофеи, што го прави најуспешниот менаџер во историјата на клубот на „Етихад“.

„Какво време поминавме заедно. Не ме прашувајте за причините за моето заминување. Нема причина, но длабоко во себе знам дека ова е мое време. Ништо не е вечно, ако беше, ќе бев тука. Вечно ќе биде чувството, луѓето, спомените, љубовта што ја имам кон мојот Манчестер Сити“, рече Гвардиола во официјално соопштение денес.

Оваа година, Гвардиола не успеа да го освои англиското првенство, кое му припадна на Арсенал и неговиот ученик Микел Артета.

„Работевме. Страдавме. Се боревме. И ги правевме работите на наш начин. Наш начин“, додаде тој, ставајќи крај на една од најуспешните соработки во модерниот фудбал.

И покрај тоа што се повлече од функцијата менаџер на Манчестер Сити, Пеп ќе ја продолжи својата соработка со Сити Фудбал Груп, преземајќи ја улогата на глобален амбасадор.

Неговата улога ќе вклучува давање технички совети на клубовите во групата, работа на специфични проекти и соработки.

Гвардиола освои шест титули во англиската Премиер лига, четири ФА купови, пет Лига купови, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство… со „Граѓаните“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести