Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе одлука за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, соопшти македонското Министерство за транспорт.
„Министерството за транспорт, согласно своите надлежности, во најкраток можен рок повторно ќе ја објави предметната јавна набавка согласно законските прописи“, соопшти Министерството за транспорт.
