back to top
9.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

МФ: Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031, која обезбедува одржливи и стабилни јавни финансии

Други наслови

Обезбедување одржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, одржување на макроекономската и финансиската стабилност во околности на енергетска и ценовна нестабилност, како и создавање услови за одржлив економски раст и зголемување на економската отпорност на идни кризи се главните цели на фискалната политика утврдени во Фискалната стратегија за периодот 2027-2031 година, која ја изготви Министерството за финансии и ја одобри Владата, соопшти Министерството за финансии.

Велат дека Фискалната стратегија била разгледана денес на пленарната седница на Собранието.

„Во согласност со Фискалната стратегија одобрена за периодот 2027 – 2031 година, фискалната политика ќе биде ориентирана и кон создавање предуслови за новиот циклус на економски раст преку реализација на високата вредност на јавните капитални инвестиции, постепена фискална консолидација и подобрување на управувањето со јавните финансии. Покрај посветеноста на фискалната консолидација и заштедите на буџетот, економијата ќе продолжи да се поддржува со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку одржување на високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста. Во исто време, се планира развивање дисциплинирана фискална политика, што во суштина значи намалување на неосновните расходи, со цел поефикасно и целно користење на јавните средства.“

Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, кои ќе се темелат на фискална одговорност и дисциплина преку планирање и користење на јавните средства во рамките на реални и одржливи фискални можности, постепен пристап и предвидливост, со спроведување на фискална консолидација во фази, без неочекувани ограничувања што би можеле да предизвикаат економски шокови. Исто така, предвидува социјална еднаквост за заштита на ранливите категории на населението од негативните ефекти од кризата и фискална хармонизација, како и транспарентност и отчетност со јасно дефинирани мерки и механизми за следење и известување.

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, во своето образложение на документот во Собранието, нагласи дека во периодот 2027 – 2031 година, даночната политика ќе се темели на намалување на сивата економија и зголемување на прибирањето средства во државниот буџет, преку зголемена дигитализација и создавање ефикасен даночен систем, така што секој ќе ги плаќа своите даночни обврски праведно“, се наведува во соопштението.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести