Девизните резерви на крајот на април годинава достигнаа 5.207 милиони евра, околу 5,2 милијарди евра.
Според податоците од Народната банка, најголемиот дел од девизните резерви се инвестирани во хартии од вредност (70,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и депозитите во странска валута (12,3%).
Во меѓувреме, на крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра, околу 4,9 милијарди евра.
