back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Андоновски: Македонија станува полноправна членка на глобалната мрежа „FIRST“ за сајбер безбедност

Други наслови

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, објави дека Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен за полноправен член на FIRST, глобалната мрежа на тимови за одговор на инциденти поврзани со компјутерската безбедност.

Според Андоновски, ова е важна потврда за напредокот на Северна Македонија во областа на сајбер безбедноста и важен чекор кон градење посилен, професионален и европски систем на заштита од сајбер закани.

Тој нагласи дека членството е постигнато со локални човечки и инфраструктурни ресурси на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со професионална и техничка поддршка од меѓународни партнери во САД и Европската Унија.

„Ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација во справувањето со сајбер заканите“, изјави Андоновски. Министерот најави дека овој чекор исполнува и една од точките од Агендата за реформи со рок до 30 јуни 2026 година, овозможувајќи и отклучување на нови средства од Планот за раст.

Конечно, Андоновски нагласи дека институциите ќе продолжат да инвестираат во капацитети за реагирање на сајбер инциденти, во заштитата на државните институции и во зголемувањето на безбедноста на дигиталните услуги за граѓаните и бизнисите.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести