Актуелниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се соочува со нова работа. Португалецот наскоро треба да стане шеф на тренерскиот штаб на Милан.
Како што пишуваат „Корихере дело Спорт“ и „А Бола“, за поранешниот фудбалер е подготвен двегодишен договор, а тој треба да инкасира од 3.000.000 до 4.000.000 евра по сезона.
Милан е без тренер откако се раздели со Макс Алегри, откако не успеа да го пропушти пласманот во Лигата на шампионите со поразот во последното коло од Серија А.
Досега, Аморим работеше како тренер за Каса Пија, Брага, Спортинг и Манчестер.
