Почина уште едно лице обвинето за кочанската трагедија. Станува збор за Љупчо Грнчистанов, кој имаше 54 години и беше меѓу обвинетите во случајот поврзан со несреќата, објавува „ТВ21“.
Грнчистанов беше генерален инспектор, или раководител на инспекциската служба, во Дирекцијата за заштита и спасување од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година.
Во рамките на случајот со трагедијата во Кочани, тој беше обвинет за кривично дело „Тешки кривични дела против јавната безбедност“.
Според достапните информации, Гринчиштанов поминал 77 дена во ефективен притвор, по што бил во домашен притвор речиси 14 месеци.
