Многу познати личности се на Светското првенство овие денови и ги гледаат натпреварите во живо од Америка, Канада и Мексико.

Натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија, каде што Лионел Меси испиша историја и стана најдобар стрелец на Светското првенство на сите времиња , не го пропушти ниту колумбиската ѕвезда и една од најпопуларните пејачки во светот – Шакира!
Таа го следеше натпреварот во друштво на своите синови Милан и Саша, а во еден момент беа заедно на видеоекранот за време на емитувањето.
Ова го видоа и нејзините синови, кои се смееја, а набрзо и самата Шакира, која изненадено вресна, а потоа почна да им мавта на публиката, која ја поздрави со ентузијазам.

По таквата реакција од навивачите, главно Аргентинци кои беа сериозно мнозинство на стадионот, и Шакира им испрати бакнежи.
Инаку, Шакира беше и на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Ацтека во Мексико Сити пред натпреварот Мексико – Јужна Африка.
