Со вроден талент, голема посветеност и многу труд, младиот фудбалер Едах Елмази продолжува да ги остварува своите соништа.

Тој заслужено го облече дресот на младинската репрезентација на Македонија, што претставува големо признание за неговите квалитети и досегашната работа.
Овој успех е причина за гордост не само за неговото родно село Жировница, туку и за целата општина, која добива уште еден млад спортист што достојно ја претставува на национално ниво.
„Местото во репрезентацијата на Македонија е заслужено. Браво, Едах! Жировница има причина да биде горда. Нека ова биде само почеток на многу успеси што допрва ќе следат“, е пораката со која неговите сограѓани му упатија честитки.

Едах Елмази со својата работа и талент покажува дека упорноста секогаш носи резултати, а повикот во националниот тим е само првиот чекор кон уште поголеми успеси во неговата спортска кариера.
