Патниците честопати прашуваат дали изборот на седиште може да влијае на нивните шанси за преживување во авионска несреќа, а експертите откриле дека навистина влијае.
Оваа дилема ги мачи многу патници, па затоа некои веќе ја земаат предвид при резервација на билети. Дали е побезбедно да се седи над крилото, бидејќи тој дел е структурно најстабилен или не, бидејќи таму се наоѓаат и резервоарите за гориво? Или можеби задниот дел од авионот е побезбедна опција?
Секоја авионска несреќа има свои специфики и не може да се гледа на ист начин.
Хелен Муир, која раководеше со Институтот „Кранфилд“ за безбедност, ризик и сигурност во 2014 година, нагласува дека нема две потполно исти авионски несреќи. Во еден случај, авионот може да ја удри земјата со носот, во друг со опашката, а во трет со крилото или средината на трупот. Секое од тие сценарија има различен ефект врз тоа кои седишта се најмногу изложени на ризик и каде ризикот е најголем.

На прв поглед, може да изгледа дека задниот дел од авионот е побезбеден ако носот на авионот ја допира земјата. Меѓутоа, во друг сценарио, на пример, ако има пожар во задниот дел, предните седишта стануваат поповолен избор.
Бидејќи текот на секоја несреќа е непредвидлив и може да се одвива на различни начини, не постои начин со сигурност да се утврди кое седиште е најбезбедно во која било дадена ситуација.
Клучен фактор е близината до излезот
Сепак, Муир посочува еден совет што нема никаква врска со тоа дали седите напред, во средината или назад. Според неа, многу е поважно колку сте блиску до излез за итни случаи.
– Всушност, не постои едно најбезбедно седиште во авионот, бидејќи однапред би требало да знаете како ќе се случи несреќата – изјави таа за Би-Би-Си.
– И покрај тоа, јас лично претпочитам да бирам седиште во делот од авионот од кој имам пристап до повеќе излези. Веројатно е последица на моето искуство во истражувањето на несреќи, но верувам дека кај правилно дизајнираните авиони, секое седиште обезбедува приближно еднакви шанси за преживување – додаде таа.
Кога ја прашале што да прави ако се случи несреќа, нејзиниот совет е едноставен:
– Упатете се кон најблискиот излез или оној што ви го упатиле членовите на екипажот, но искористете ја и секоја друга можност за излез доколку се појави.
На крајот, може да се заклучи дека најбезбедното место за време на авионска несреќа е всушност она надвор од авионот – во зградата на аеродромот.
