back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Синот на Зидан е вистинска сензација на мрежите: Некои жени тврдат дека е позгоден од својот татко

Други наслови

Иако носи едно од најпознатите презимиња во фудбалот, Лука Зидан полека го гради својот пат – и на теренот и надвор од него.

Додека фудбалскиот свет го поврзува презимето Зидан со легендарниот Зинедин , неговиот син Лука Зидан исто така привлекува сè поголемо внимание . Во последните месеци, 28-годишниот голман станува сè попопуларен на социјалните мрежи, каде што освојува со комбинација од спортски живот, лежерен стил и фотогеничен изглед.

За разлика од неговиот татко Зинедин Зидан , кој го обележа фудбалот како еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, Лука ја одбра позицијата голман . Тој моментално брани за шпанскиот тим Гранада, а покрај својот фудбалски талент, го краси и физичкиот изглед . Висок е 183 см, има атлетска градба, а кафеавата коса и зелените очи се дополнителни причини зошто многумина го сметаат за еден од најзгодните фудбалери на неговата генерација .

Едноставен, но префинет стил

Кога не е на теренот, Лука негува опуштен, елегантен стил . Најчесто може да се види во ленени кошули, добро скроени бермуди, додека за поформални пригоди избира минималистички скроени одела.

Неговите објави на Инстаграм често изгледаат како фотографии од медитерански моден едиторијал.

Семејството и морето пред сè

Лука е многу близок со своите родители и браќа . Сака да споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи, а особено е очигледно колку го сака морето, едрењето, кучињата и патувањата до медитеранските дестинации.

https://www.instagram.com/p/DLQdbgVIAhc/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Комбинацијата 
од спортски начин на живот, француски шарм и едноставна елеганција му донесе зголемена популарност на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/DL7Myg1iO_x/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
YouTube Video Thumbnail

Најнови вести