back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Општина Куманово објави повик до граѓаните да пријават штети од невремето

Други наслови

Општина Куманово ги известува граѓаните кои претрпеле штета од обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден, да поднесат барање до комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди во архивата на Општина Куманово, најдоцна до 10 јули (петок).

Во прилог на Барањето, потребно е да се достави следната документација: Копија од личен документ (лична карта) за физички лица, или решение / тековна состојба од регистрација во Централен регистар за правни субјекти – сопственици на имотот; Копија од имотен лист за објектите кои претрпеле оштетувања од поплавите; Копија од трансакциска сметка на сопственикот.

Доколку потребната документација не биде доставена при поднесувањето на Барањето, претставниците од Комисијата ќе ги информираат барателите за дополнување на истата при увид на лице место.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објави дека во текот на ноќта, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ извршиле машинско миење на улиците и булеварите низ градот, со цел отстранување на наносите и нечистотиите што останаа по обилните врнежи.

Тој најави дека активностите за расчистување и одржување на јавните површини продолжуваат и во текот на денот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести