back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Пенелопе Круз сè уште учи по 15 години брак: Нема ден кога се запознаваш себеси, истото важи и за твојот партнер

Други наслови

Актерката Пенелопе Круз изјави дека сè уште учи од врската со сопругот Хавиер Бардем и по 15 години брак.

Додека го промовираше својот нов филм „The Invite“, Круз за „People“ изјави дека верува оти комедијата се фокусира на динамиката на врската на два пара на вечера, кои откриваат нови работи за своите партнери без оглед на тоа колку долго се заедно.

„Чувствувам како сè уште да учам во мојата врска и сум со некој што го познавам 33 години. Навистина ја познавам таа личност, но дали има ден кога навистина се запознаваш себеси? Не. Истото е и со твојот партнер“, рече таа.

Круз и Бардем се запознале за прв пат во 1992 година за време на снимањето на комедијата „Џамон Џамон“. Бардем рекол дека тогаш имало очигледна хемија меѓу нив, но ништо не се случило.

Дури во 2008 година тие повторно работеа заедно за филмот „Вики“.

„Ниту еден од нас не го направи првиот потег. Не знам дали бевме срамежливи или се обидувавме да бидеме премногу професионални. Стигнавме до последниот ден од снимањето и ништо не се случи. Помислив дека е подобро да се напиеме. За среќа, еден наш пријател организираше забава за да го прослави крајот на снимањето, а останатото е историја“, рече Бардем.

Во интервју за „Џентлменс џурнал“ од 2024 година, Бардем рече дека дел од нивната посебна врска произлегува од фактот што се познавале пред да станат славни.

„Се запознавме пред успехот, пред некој да нè види со други очи поради тоа кои сме сега и што сме станале. Тоа е важна основа, да се потпрете на некого затоа што навистина го познавате, а и тој ве познава вас. Тоа е важно“, рече тој.

Круз и Бардем се венчаа на интимна церемонија на Бахамите во 2010 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести