Кејт Касиди, девојката на покојниот пејач Лиам Пејн, започна со процесот на отстранување на една од тетоважите што му ги посвети на својот поранешен партнер.
Во вторник, таа објави фотографија на својот Инстаграм профил од студио за ласерско отстранување тетоважи во Мајами, а сподели и видео од самиот третман.
Видеото прикажува ласер како поминува преку бројот „444“ на нејзината рака – тетоважа што ја направила во спомен на Пејн по неговата смрт во 2024 година.
Таа објасни зошто ги отстранува тетоважите
Кесиди кратко по објавата разјасни дека нејзината одлука нема никаква врска со промената на нејзините чувства кон Лиам Пејн. Како што изјави, таа отстранува неколку тетоважи кои не се најдобро направени, но планира повторно да ги истетовира подоцна.
Откако го стави бројот „444“ пред речиси две години, медиумите пишуваа дека тоа е нивниот „ангелски број“ , симбол на љубовта и поддршката што ја делат.
Kejt Kasidi uklanja tetovaže posvećene Lijamu Pejnu pic.twitter.com/rGvKG7v5Fb
— Likeaboss (@Instastory88) July 29, 2026
Влијателната личност сè уште има неколку тетоважи посветени на покојниот пејач. Меѓу нив се ангелски крилја, бројот четири на домалиот прст од левата рака, иницијалите „LP“ на зглобот, како и тетоважа од свена роза на палецот.
Трагична смрт на пејачот
Лиам Пејн, член на популарниот бенд One Direction, почина во октомври 2024 година во Буенос Аирес, откако падна од балконот на хотелска соба на третиот кат.
Една година по неговата смрт, Кејт Касиди откри дека ѝ биле потребни речиси два месеци за да почне да се справува со тагата и болката од загубата. Таа истакна дека ѝ требало време да ја прифати трагедијата и да се обиде да продолжи понатаму.
Двојката беше во врска околу две години.
