back to top
12.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Италијанците добија одговор; „Очекуваме солидарност, а не партиска демагогија“

Други наслови

Шпанскиот министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес, објави дека го поканил италијанскиот амбасадор на разговор по коментарите на шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, за суспендирањето на Шенгенскиот договор со Шпанија.

Тајани вчера повика на суспендирање на договорот  поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута во Северна Африка .

„Оваа порака е несоодветна за министерот за надворешни работи на партнерска и пријателска земја од која очекуваме европска солидарност, а не партиска демагогија. Денешните настани се поврзани со судската пресуда и немаат никаква врска со она што е напишано во твитот. Го поканив италијанскиот амбасадор на разговор утре“, напиша Албарес во објава на X.

Тајани претходно објави дека „одлуката на владата во Мадрид да им додели шпанско , а со тоа и европско, државјанство на повеќе од 500.000 нелегални мигранти е длабоко погрешна“ и дека тоа ја поттикнува трговијата со луѓе. 

Во исто време, извори од кабинетот на италијанскиот премиер Џорџо Мелони за Ројтерс изјавија дека италијанската влада размислува за суспендирање на Шенгенскиот договор со Шпанија.

Илјадници мигранти вчера се обидоа да ја препливаат границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута , што ја поттикна шпанската влада да мобилизира воени единици за поддршка на преоптоварената Цивилна гарда .

Првичните извештаи покажуваат дека 18 лица се удавиле обидувајќи се да стигнат до брегот на Сеута за време на врвот на таканаречениот миграциски притисок во близина на јужниот граничен бранобран кај Тарахал, кој го одделува шпанскиот град Сеута од Мароко.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе отпатува во енклавата, во придружба на министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести