Танкер што пловел низ Ормутскиот теснец покрај брегот на Оман пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денес Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена никаква штета на животната средина.
UKMTO во известувањето наведува дека инцидентот се случил околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен доцна, пренесува Ројтерс.
Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормутскиот теснец .
Британскиот центар потврди дека екипажот и бродот се безбедни и дека нема пријавено оштетување на животната средина, додека им советува на сите бродови што минуваат низ областа да бидат внимателни и да пријават каква било сомнителна активност.
अदन की खाड़ी में टैंकर के पास जोरदार धमाका, लाल सागर में समुद्री सुरक्षा खतरे में
— News 4 Social – Talk About Latest Trend (@newsforsocial) August 6, 2026
अदन के दक्षिण-पूर्व में टैंकर के पास धमाका सुना गया। हूती विद्रोहियों द्वारा जहाजों पर हमलों की घटनाओं के बीच लाल सागर में तनाव बढ़ता जा रहा है। क्रू सदस्य सुरक्षित हैं।#RedSea… pic.twitter.com/PjMyZFBxI2
Инцидентот се случи во време на зголемени тензии во областа на Ормутскиот теснец, по неодамнешните воени конфликти меѓу
Соединетите Американски Држави и Иран .
Вашингтон го повика Техеран да обезбеди слобода на пловидба низ стратешкиот морски премин, додека Иран инсистира пловидбата во водите покрај неговиот брег да биде под негов надзор.
