back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Министерот за правда Јетон Шасивари ја потврди заложбата за унапредување на соработката со Јапонија

Други наслови

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави.

Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство.

Беше оценето дека меѓу двете земји нема отворени прашања што претставува цврста основа за натамошно продлабочување на партнерството. Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката на реформските процеси насочени кон зајакнување на правната сигурност и унапредување на демократските стандарди.

…

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести