back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Нови детали од нападот во Тајланд – пред да ги убие петте наставници, ученикот ги убил своите баба и дедо

Други наслови

Ученик во училиште на периферијата на Бангкок ги убил своите баба и дедо дома пред да отвори оган во училишниот простор, соопшти тајландската полиција.

Според властите, напаѓачот испукал 26 куршуми, додека на местото на настанот биле пронајдени уште 34 куршуми.

Мотивите за нападот сè уште не се откриени.

Министерката за здравство на Тајланд, Патана Промпат, објави дека 22 лица се повредени за време на инцидентот, од кои девет се во критична состојба, јавува Skynews .

Неколку лица беа повредени и при обидот да го напуштат местото на настанот.

Бројот на жртви се промени во текот на првичните извештаи.

Полицијата првично објави дека загинале шест лица, додека заменик-министерот за внатрешни работи подоцна изјави дека пет наставници и самиот осомничен ги загубиле животите.

Според најновите информации од портпаролот на тајландската полиција , седум лица ги загубиле животите.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести