Актерската двојка, Џон Хам и Ана Осеола, наскоро ќе станат родители, објавија сите странски медиуми.
Актерот Џон Хам и неговата сопруга Ана Осеола ќе станат родители . Ѕвездата од „Mad Men“ и Ана Осеола го очекуваат своето прво заедничко дете, потврди извор за People. Претставниците на 55-годишниот Хам и 38-годишната Осеола не беа достапни за коментар, а веста дека двојката очекува ново бебе прв ја објави „Дејли меил“.
Среќната вест доаѓа неколку години откако колегите од „Твоите пријатели и соседи“ се венчаа во јуни 2023 година.
Двојката го кажа своето судбоносно „Да“ во кањонот Андерсон во Биг Сур, истата локација каде што беше снимен финалето на серијата „Mad Men“.
На свадбата им се придружија голем број познати пријатели, меѓу кои Били Крудап, Пол Рад и Тина Феј, објави TMZ во тоа време.

Според тој портал, младенците оделе кон олтарот со насловната тема од филмот за Џејмс Бонд „Само двапати се живее“ од 1967 година.
Во јуни истата година, во интервју за „Холивуд репортер“, Хам зборуваше за можноста за проширување на семејството .

Актерот од серијата „Фарго“ призна дека поради разводот на неговите родители во раното детство, претходно не размислувал за брак , но дека по свадбата се надева дека нивниот брак ќе продолжи во вид на деца.
„Не сум заборавил дека имам 53 години. Ќе бидам постар татко , но така е. Можеби тоа ќе биде добро. Ќе видиме.“
